Никогаш не им е досадно: Клуни и Пит одлично се забавуваат на премиерата на нивниот нов филм

Никогаш не им е досадно: Клуни и Пит одлично се забавуваат на премиерата на нивниот нов филм

пред 9 часа

Бред Пит (60) и Џорџ Клуни (63) прошетаа на црвениот тепих во театарот TLC во Лос Анџелес на премиерата на нивниот нов филм Wolfs и одлично се забавуваа.

Пит и Клуни ја задржаа својата насмевка на лицата за време на ова појавување. Сите присутни беа воодушевени од нивните шеги, кои покажаа дека на двајцата никогаш не им е здодевно заедно.

Тие изведуваа различни пози, правеа шеги и се смееја од уво до уво.

Бред пред премиерата на филмот упати и комплименти кон својот колега. На прашањето на списанието People дали има некој совет за идните најсекси мажи во светот, избор кој списанието го одржува секоја година, а титулата ја носат и тој и Клуни, Пит се пошегува и покажа кон Џорџ: „Ова е најсекси мажот на светот“.

Share
Scroll to Top