Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата е стратешки приоритет за Македонија

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата е стратешки приоритет за Македонија

пред 6 часа

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски во Брисел ги презентираше големите инфраструктурни инвестиции што ги реализира Владата, со посебен акцент на развојот и модернизацијата на европските коридори 8 и 10.

Николоски посочи дека за Македонија, како земја без излез на море, развојот на транспортната инфраструктура и поврзувањето со соседните земји имаат стратешко значење.

„Работиме на изградба на автопати на Коридор 8, исто така градиме железница на источниот дел на овој коридор. Паралелно започнавме со изградба на брза пруга на Коридорот 10, а работиме и на воведување на ИТС системи на патниот дел“, истакна Николоски.

Тој нагласи дека паралелно се преземаат активности за модернизација на граничните премини, со воведување зелени ленти и подобрување на прекуграничните врски со Албанија и Бугарија.

Според Николоски, на Коридорот 10 се работи и на воведување Интелигентен транспортен систем (ИТС), со што, како што посочи, се создаваат услови за првиот целосно дигитален автопат во земјата.

„Целосно ја менуваме сликата и на граничните премини со воведување зелени ленти и проширување на прекуграничните врски и со Албанија и со Бугарија“, рече Николоски.

Тој додаде дека ИТС системот на Коридорот 10 се реализира во соработка со Западнобалканскиот инвестициски фонд (ВБИФ).

Share
Scroll to Top