Нина Бадриќ во најбајковидниот фустан досега, но никој не го забележа од нејзината нова фризура

Нина Бадриќ во најбајковидниот фустан досега, но никој не го забележа од нејзината нова фризура

пред 5 месеци

Нина Бадриќ долги години важи за една од најдобрите регионални пејачки и е на самиот врв кога е стилот во прашање.

Многу дами често избираат да копираат некои од тоалетите на Нина за важни пригоди, што доволно говори само за себе.

Еден од заштитните знаци на Нина во последните години е нејзината долга коса.

Понекогаш црна, понекогаш шатирана, понекогаш русокоса, понекогаш брановидна, но секогаш долга.

Меѓутоа, Нина ги изненади сите и реши да направи голема промена.

По навистина долго време, убавата пејачка реши да ја скрати косата.

Нејзиното прво појавување во јавноста со нова фризура се случи на настапот со Петар Грашо.

Кога Нина излезе на сцената, сите ја погледнаа нејзината нова фризура и кратката коса.

– Утре би се ишишала вака, само да знам дека вака ќе ми изгледа – напиша хрватската актерка Наташа Јањиќ.

– Боже, не можам да ти се изнагледам – и рече Мирела Фориќ, друга јавна личност од Хрватска.

Нејзината фризура толку многу ги маѓепса сите што дури и нејзиниот фустан од бајките овој пат остана во сенка.

Share
Scroll to Top