Српскиот композитор и продуцент Александар Милиќ Мили за првпат јавно проговори за својата животна приказна. Тој за српските медиуми сподели детали од приватниот живот, за кои ретко кои знаел. Од богатиот и раскошен живот во Осијек, преку војната која му ги одзела сите спомени, до дијагностицирањето на ракот.
Мили е роден на 28 јануари 1969 година во Осијек, а своето детство го опишува како беше многу мирно и значајно. Пораснал во медицинско семејство со многу љубов. Татко му Станко бил врвен спортист – државен првак во борење и невропсихијатар, а бил и 30 години професор во Загреб. Како директор, водел две клиники, и работел во суд. Мајка му Данка била стоматолог, а неговиот три години постар брат Иван е неврохирург, но и пијанист.
Неговото семејство било финансиски стабилно семејство, кое живеело во стан од 400 квадрати во центарот на Осијек, кој имал сопствен парк со фонтана, а само собата на Мили имала 60 квадрати. Подоцна разбрале дека нивниот стан некогаш бил банка во времето на Кралството Југославија.
На 14 години, неговите му купиле му купиле мало студио каде снимил три видеа за РТВ Осијек.
Мили раскажа за периодот на војска во Пожега како возач во 1988 година, каде се степал со десетарот две недели по пристигањето, па за казна морал до крајот на обуката морал да го чисти тоалетот. Но, неговиот татко потегнал врски да замине во Генералштабот во Белград. Иако командантот сакал да го испрати на албанска граница поради неговото несоодветното однесување, сепак откако го слушнал како пее, се предомислил и наредниот го назначил за началник на сите чети во Генералштабот, со двомесечна обука.
Потоа се преселил во Сараево, каде живеел со надреалистите Шибер, Оги и Зен. Во Илиџа, бесплатно го користел тогашното најмодерно студио и оттогаш неговата кариера почнала да расте, сè додека започнала војната. Тоа била неговата прва голема трагедија во животот.
„Тој национализам, ескалацијата на конфликтот и поделбата на народот кој на кого му припаѓа, за мене беше тотален пораз – и мој личен и за сè што научив, видов и знаев. Во Белград дојдов од Сараево, буквално без ништо. Моето семејство немаше апсолутно ништо. Нашиот стан го зема Бранимир Главаш, локален политичар, но никогаш не го тужевме. Станот во кој живеевме прво беше запален, сите наши тамошни семејни спомени исчезнаа, па немам никакви фотографии од моето детство“, вели Мили.
Мили раскажа дека од луксузен живот во раскошен стан, единствено што можеле да си дозволат било куќа во Рушње, на 30 километри од Белград.
„Сè што имав во животот изгубив поради војната, а сето тоа многу ме потресе, иако не се гледаше на мене. Кога мислев дека не може да биде полошо ми беше дијагностицирана малигна болест. Во 1992 година цела година се борев со болеста, колабирав четири-пет пати, а прашање беше дали ќе преживеам, иако цел живот бев спортист, гимнастичар. Претпоставувам дека таа промена психолошки влијаеше на мене. Моите родители ми пружија најголема поддршка и до самиот крај се бореа заедно со мене. Додека бев на хемотерапија, со отечени раце, одев на факултет, а кога се опоравив, заминав во Прага да студирам, каде што дипломирав бизнис администрација – оддел за маркетинг“, раскажува Мили.
Со својата сопруга, Нина, се запознал преку заеднички пријатели, и веднаш знаел дека таа е вистинската. Во 2006 година ја добија ќерката Миа, а после година и пол, синот Маркус.