Новак Ѓоковиќ победи на Ролан Гарос, а Македонка судеше во финалето

Новак Ѓоковиќ победи на Ролан Гарос, а Македонка судеше во финалето

пред 1 година






Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го победи Каспер Руд со 7-6 (7-1) 6-3 7-5 и ја освои титулата на Рола Гарос, Отвореното првенство на Франција.

За Ѓоковиќ ова е рекордна 23. Грен слем титула во машка конкуренција, со што го престигна Рафаел Надал.

Со оваа победа Ѓоковиќ стана првиот човек кој ги освоил сите четири главни тирнири најмалку три пати. Ова е 94 победа на Новак Ѓоковиќ на турнирот на ниво на АТП.

Во овој историски меч на теренот „Филип Шатрие“ беше и Македонка, меѓу судиите која ја дели правдата на големата тениска пресметка. Тоа е Анета Павловска која веќе неколку години суди на најголемите тениски турнири ширум светот. Таа за првпат дебитираше на Ролан Гарос во 2017 година и има завидно искуство.






Share
Scroll to Top