Обединетите нации предупредија дека светот може да стане пекол, ако не се превземе нешто против климатските промени

Обединетите нации предупредија дека светот може да стане пекол, ако не се превземе нешто против климатските промени

пред 5 месеци

Обединетите нации објавија драматично предупредување за светската популација и порачаа дека светот ќе стане ненаселив пекол ако одговорните не направат нешто и не го решат проблемот со климатската криза.

Од најголемата светска организација објаснуваат дека во последните 20 години забележан е запрепастувачки раст на природните катастрофи, што се последица на климатските кризи.

Во извештајот е наведено дека светот ќе стане ненаселив пекол, за милиони луѓе, доколку надлежните не го решат овој проблем.

Истражувачите укажаа на неуспехот на политичките и деловни лидери и порачаа дека тие мора да превземат значителни мерки за да го ублажат влијанието на климатските промени.

Како што навеле, пандемијата со коронавирусот, која однела повеќе од милион животи на глобално ниво и заразила најмалку 37 милиони во светот, го разоткрила неуспехот на речиси сите нации да го спречат бранот на смрт и болести и покрај предупредувањата на научниците.

Податоците говорат дека во периодот меѓу 2000 и 2019 година, имало 7348 големи природни катастрофи, вклучувајќи и земјотреси, цунами и урагани, а кои однеле 1,23 милиони животи и оставиле последици на 4,2 милијарди луѓе, а резултирале со економски губиток од 2,97 милијарди долари.

Како што се вели во извештајот, тоа е речиси двојно поголем број на катастрофи од 4212, колку што биле забележани во периодот од 1980 до 1999 година.

Повеќето од тие катастрофи биле поврзани со климата, а истражувачите во последните 20 години пријавиле и голем број на поплави, бури, суша, топлина, шумски пожари и велат дека истите значително се имаат зголемено во тој период.

Високиот пораст на тие катастрофи е поврзан со порастот на глобалните температури, за кои научниците велат дека го зголемуваат бројот на екстремни временски прилики.

„Збунува тоа што свесно продолжуваме да сееме семе од сопственото уништување. Треба да промениме сè ако сакаме да ја спасиме оваа планета од сиромаштијата, понатамошното губење на видовите и биодиверзитетот, експлозиите од урбаниот ризик и најлошите последици од глобалното загревање“, навеле од Обединетите нации.

Азија во најголема мерка била погодена од климатските катастрофи во последните 20 години и на тоа порачје потврдени се 3068 такви случаи во периодот меѓу 2000 и 2019 година.

Во тој временски период во САД забележани се 1756 климатски катастрофи и 1192 во Африка. Најлошо погодени земји во последните две децении беше Кина, во која се случиле 500 регистрирани природни катастрофи, а во САД ги имало 467.

Меѓу најсмртоносните, кои се сметаат за огромни катастрофи, настрадале повеќе од 100.000 луѓе и станува збор за цунами во Индискиот океан во 2004 година, циклонот Наргис во Мјанмар во 2008 година и земјотресот на Хаити во 2010 година.

Во извештајот е споменато дека е постигнат одреден успех во заштита на ранливите заедници, благодарение на подобриот систем на предупредување и одговори.

Агенцијата за управување на катастрофи и земјотреси како што е Бангладеш и Идија спасија голем број на животи и се подобро подготвени за циклони и поплави.

Но, истражувачите ги повикаа земјите да направат повеќе во подготовките и засилувањата со управувањето на ризиците од катастрофа и да бидат подобро подготвени за идните климатски катастрофи, пренесува порталот Kliks повикувајќи се на „Си-ен-ен“.

Во моментов постои закана дека температурите во светот ќе пораснат за 3,2 степени, па и повеќе, освен ако индустриските земји не го намалат драстично емитувањето на гасови во стаклената градина.

„Тој предвидувачки пораст на температурата е доволен за зголемување на учествувањето на екстремните климатски настани ширум светот“, се наведува во извештајот.

Затоа емисијата на штетни гасови треба да се намали за најмалку 7,2% секоја година во наредните десет години, за да се постигне цел од 1,5 степени. Ова го договорија најмоќните земји во Париз.

„Забележавме мал напредок во намалувањето на климатските пореметувања и деградација на околината. За да ја искорениме сиромаштијата и го намалиме влијанието на климатските промени, јавното добро мораме да го ставиме пред сè останато“, порачал генералниот секретар на Обединетите Нации, Антонио Гутереш.

Share

Watch Dragon Ball Z (Dub) Episode 234 (https://gogoanime.be/m/jrr/ep-234) at website https://gogoanime.be assassination classroom gogoanime

Watch Kaguya-sama: Love is War Episode 6 (https://animeplanet.cc/m/kgnD/ep-6) at website https://animeplanet.cc anime planet seven deadly sins

Scroll to Top