Обезбедувањето им ја прекинало „бербата“ на крадците во Лувр, планирале да украдат повеќе, но принудени биле да бегаат со раце полни кралски накит

Обезбедувањето им ја прекинало „бербата“ на крадците во Лувр, планирале да украдат повеќе, но принудени биле да бегаат со раце полни кралски накит

пред 3 дена






Францускиот канал БФМ ТВ утрово објави аудио-снимка што открива дека брзата реакција на обезбедувањето и полицијата во Лувр спречила поголема кражба во славната галерија „Аполон“.

Според директорката за прием и надзор Доминик Бифен, благодарение на интервенцијата на „неколку агенти“ крадците биле натерани во бегство и не успеале да ја запалат платформата што требало да им служи за транспорт. Најдобриот „спојлер“? Во паника ја оставиле и круната на царицата Евгенија.

Инцидентот се случил во неделата, а четворицата крадци за 3 минути и 58 секунди зеле дел од кралските накити од една од најценетите лувровски галерии.






Share
Scroll to Top