Обожавателите загрижени за „слабото лице“ на Кејти Пери, се сомневаат дека таа користи Оземпик

Обожавателите загрижени за „слабото лице“ на Кејти Пери, се сомневаат дека таа користи Оземпик

пред 9 часа

Кејти Пери присуствуваше на настанот Jingle Ball во Филаделфија. Познатата пејачка се појави во полупроѕирен црвен фустан покриен со светки, но најголемо внимание на корисниците на социјалните мрежи привлече нејзиниот „слаб изглед и испиено лице“.

Многумина се прашуваа дали таа го користи и познатиот лек за дијабетес Оземпик за слабеење.

„Порано изгледаше многу поубаво“, „Или е Оземпик или нешто друго, но не изгледа добро“, „Дали е болна? Тешко е да се препознае од овие фотографии. Се надевам дека не е на Оземпик“, се нижеа коментарите на Икс.

На почетокот на оваа година, Кејти рече дека не го користи популарниот лек за слабеење, па дури и се потсмеваше со гласините на една забава, на која на гостите им делеше кеси со подароци во кои имаше празен мал шприц со натписот „OzempiKP“.

Таа неодамна откри како останува во добра форма. „Мразам вежбање. Но затоа сакам танцување, пливање и некои други работи кои не ми се тешки“, изјави таа за време на снимањето на нејзиниот специјален концерт. „Имам бицепс, да. Гледам дека моите фотографии кружат на интернет некое време“, се пошегува таа и додала: „Имам бицепс поради пливањето. Јас сум многу добар пливач“.

Share
Scroll to Top