Обожавател пак упадна во куќата на Aријана Гранде по ланското заканување дека ќе ја убие

Обожавател пак упадна во куќата на Aријана Гранде по ланското заканување дека ќе ја убие

пред 4 години

Полицијата го уапси Ахарон Браун откога упадна во домот на пејачката Аријана Гранде во Монтесито, пренесува Ти-ем-зи. Инцидентот се случил на 29. роденден на Гранде. Таа во моментот не била дома, но се активирал безбедносниот аларм по што пристигнала полицијата и го уапсила натрапникот. Браун лани ѝ се закануваше на Гранде дека ќе ја убие по што беше приведен и доби забрана да ѝ се приближува.

dobivaj vesti na viber

Тој веќе подолго време ја демне пејачката, а сега се соочува со обвиненија за следење, кражба, вознемирување и кршење на судската наредба за неприближување. Во моментот е во притвор.

И лани во септември Браун упадна во домот на Гранде во Лос Анџелес. Тогаш со себе имал голем ловечки нож и наводно им викал на членовите на нејзиното обезбедување дека ќе ги убие и нив и пејачката. Судијата тогаш му изрече забрана за приближување до Аријана.

Share
Scroll to Top