Објавен токсиколошки извештај на Лиам Пејн, во неговата крв пронајдени траги од „розов кокаин“

Објавен токсиколошки извештај на Лиам Пејн, во неговата крв пронајдени траги од „розов кокаин“

пред 1 месец

Објавен е токсиколошкиот извештај на Лиам Пејн. Пејачот имал траги од комбинација на повеќе дроги во неговиот систем, вклучително и „розов кокаин“, кога паднал од балконот на неговиот хотел, според извештаите на аргентинската полиција.

Прелиминарните резултати од токсиколошките тестови на посмртните останки на Пејн открија траги од кокаин, бензодиазепини, крек кокаин и „розов кокаин“ кој е комбинација од метамфетамин, кетамин и МДМА. „Делумната обдукција откри дека Лијам Пејн имал повеќе супстанции во неговиот систем кога паднал од балконот на третиот кат од неговата хотелска соба во Буенос Аирес“, се вели во извештајот.

„Овие супстанции вклучуваа „розов кокаин“ – рекреативна дрога која обично е мешавина од неколку лекови, вклучувајќи метамфетамин, кетамин, МДМА и други – како и кокаин, бензодиазепини и крек. Во неговата хотелска соба е пронајдена и импровизирана алуминиумска цевка за внесување на дрога“, се наведува исто така.

Додека продолжуваат тестовите на супстанции – бел прав, траги од хемиски кристали и лекови на рецепт – пронајдени во неговиот апартман во хотелот каде што починал, резултатите од обдукцијата на неговото тело биле завршени претходно.

Поранешниот пејач на One Direction, Лиам Пејн, почина на местото на настанот од повеќе повреди, вклучително и фрактура на черепот, потврди шефот на итната служба во Буенос Аирес минатата недела.

31-годишниот пејач паднал од третиот кат во дворот на хотелот Каса Сур во главниот град на Аргентина. Вработените во хотелот во Буенос Аирес каде Лиам Пејн почина по падот се под истрага за наводно снабдување на пејачот со тешки дроги во деновите пред неговата смрт.

Share
Scroll to Top