Огнен Здравковски има нов бенд, песна во најава

Огнен Здравковски има нов бенд, песна во најава

пред 5 месеци

Добра свирка нема без добар бенд, токму затоа Огнен Здравковски веќе никаде нема да е сам – од неодамна друштво му прават момците кои на јавноста ѝ се претставуваат како ОЗ бенд.

Во составот кој ќе го придружува Оги на сцената се Антонио Тимчевски, клавијатури, Дејвид Дејв Демир, гитара, Бојан Дичовски, бас гитара, и Гоги Мицевски, тапани. И тоа не е сѐ, за јавноста да види и чуе како изгледаат и звучат дечките спакуваа одлично видео со кавери за омилените песни на Огнен. „„Моја драга“, „Остала си увијек иста“, „Од милијун жена“, „Доѓи“, „Остани“ се песни кои ми се многу драги и секоја на свој начин обележува еден дел од мојата кариера и настапите затоа сакав да ги отпеам и да им дадам свој печат“, вели Оги, додавајќи дека приказната наречена ОЗ бенд допрва почнува да се раскажува.

„Во периодот кој ќе следува на публиката ќе ѝ ја претставам мојата авторска музика. Дел од проектите се веќе завршени, дел се во изработка и веќе нема назад – дојде време за убава македонска забавна музика“, вели Оги.

Додека да чуеме и видиме што спакувале момците и како звучат кога изведуваат авторска музика ужувајте во повеќе од 15 минути музичка магија и гласот на Огнен Здравковски, секако, сето визуелно спакувано во видео кое дише со романтика. За видео реализацијата на проектот се погрижи Скендеровски продукција.

Share
Scroll to Top