Одбележување на Меѓународниот ден на гајдата во „Сити Мол“

Одбележување на Меѓународниот ден на гајдата во „Сити Мол“

пред 15 часа

На 10 март со почеток од 18:30, во Скопје Сити Мол ќе се одржи музички перформанс што ќе го одбележи Меѓународниот ден на гајдата.

Настанот го организира Ансамбл Стефче Стојковски, кој во изминатите неколку години се ангажира за промовирање на македонската гајда и зачувување на традицијата на изведба на мелодии и песни од народниот фолклор.

Перформансот ќе вклучува изведби на гајдаџии од Македонија и танцови изведби од играорна група на Ансамблот на народни игри и песни Орце Николов – Скопје.

Во 2024 година македонската гајда беше примена во УНЕСКО како дел од нематеријалното светско наследство, а во декември 2025, Стефче Стојковски го организираше првиот настан на „Гласот на гајдата – Меѓународен фестивал на гајдата во Скопје“.

Целта на оваа иницијатива е да се поттикне интерес за изучување на овој древен инструмент, со цел да се одржи неговата многувековна традиција во Македонија.

На настанот ќе учествуваат Стефче Стојковски и Теодор Стојковски-Катин, Горан Ангелов и Александар Ангелов, Ратко Златановски и Филип Златановски, Вилијам Михајловски, Душан Томовски, Андреј Трајковски, Сашко Митев и Филип Василевски.

Share
Scroll to Top