Доктор на дете му препишал необична терапија која стана хит во регионов

Одговори на прашањата кои се срамите да ги поставите пред лекар, а ве интересираат

пред 3 часа

Колку и да се уверуваме дека не треба да се срамиме од нашиот лекар бидејќи тој е овде да ни помогне, факт е дека постојат прашања што многумина не можат да се осмелат да ги постават.

Доктор Каран Раџан од Англија, кој има над 2 милион следбеници на Инстаграм, е многу свесен за овој проблем.

Па, покрај другите здравствени совети што ги дели онлајн, решил да одговори на прашањата за кои е сигурен дека луѓето обично се срамат да ги постават.

Дел од прашањата и одговорите во продолжение:

„Како да се справам со хемороидите дома?“

Внесувајте повеќе хранливи влакна бидејќи според истражувањата, ваквата исхрана може значително да го намали ректалното крвавење предизвикано од хемороиди.

Доколку чувствувате болка, користете влажни марамчиња бидејќи се понежни од тоалетната хартија.

Можете да ги ублажите симптомите и со топла купка.

„Треба да ли да бидам загрижена за мирисот на мојата вагина?“

„Постои верување дека вагините треба да бидат без никаков мирис, но и дека женското тело секогаш треба да мириса пријатно“, вели докторот.

Тој истакнува дека продуктите за интимна нега со парфеми се штетни и можат да ја нарушат рН вредноста на вагината. Во ред е да користите нежно средство за интимна нега без парфем, но само на надворешниот дел, односно вулвата.

Докторот вели дека е нормално вагината да има специфичен мирис, но доколку забележите дека мирисот станува непријатен или забележувате промени во исцедокот што не се поврзани со циклусот, тогаш одете на гинеколог.

 

„Колку често треба да одам во тоалет?“

Д-р Каран вели дека нема „златно правило“ кога е во прашање празнењето на цревата бидејќи сечиј организам е различен.

Според него, ако ги празните цревата помеѓу трипати на ден и трипати неделно, тогаш би требало да сте во ред.

Но, ако забележите промена во вашиот распоред, тогаш е добро да се консултирате со вашиот лекар.

„Дали има брз лек за констипација?“

Докторот споделува едноставен трик кој може да ги опушти карличните мускули и да ви помогне – додека седите на школката, прекрстете ги нозете.

Исто така, можете да ставите и столче или нешто слично пред тоалетот со кое малку ќе ги подигнете нозете додека седите на школката. Во оваа положба, празнењето на цревата треба да биде полесно.

Тој советува и да јадете круши и суви или свежи сливи бидејќи делуваат како природни лаксативи.

 

„Мојот сопруг има еректилна дисфункција. Треба ли да оди на лекар?“

Еректилна дисфункција не е поврзана само со сексуалното здравје, туку може да биде показател и за состојбата на срцето.

Артериите во пенисот се потенки од оние во срцето. Па, ако има проблеми со срцето и кардиоваскуларниот систем, поверојатно е прво да се забележи кај потенките артерии, како во пенисот.

Што значи, еректилната дисфункција не треба да се игнорира и треба да се направи консултација со лекар.

„Како да го натерам сопругот да си ги провери тестисите“

„Кажете му дека ракот на тестиси е еден од видовите рак што се лекуваат најчесто ако се забележат рано.

Но, 35% од мажите го одолговлекуваат одењето на лекар од срам“, вели докторот.

Мажите можат и самите да си направат преглед, додека се тушираат – ако забележат какви било израстоци, болка или некакви промени во состојбата на тестисите, задолжително да одат на лекар.

 

„Зошто не можам да постигнам оргазам?“

Кај мажите, конекцијата помеѓу мозокот и пенисот е подиректна.

Кај жените, од друга страна е поразлично – женските гениталии „комуницираат“ со мозокот преку неколку нервни патишта, вклучувајќи ги оние кои се активираат со клиторична и вагинална стимулација.

„Експертите советуваат ако ви е тешко да постигнете оргазам со стимулација на клиторисот или пенетрација, тогаш да експериментирате сами додека да откриете што е она што функционира за вас“, споделува докторот.

„Дали ќе делувам како мрзлива личност ако користам помагала за слабеење како Оземпик?“

Докторот истакнува дека дебелината не значи недостиг на волја или мрзеливост, туку дека е многу покомплексен проблем.

„Менталната компонента е еден дел, но има и биолошка нерегулација на апетитот. Потоа овде се гените, животните околности и социоекономскиот статус.

Многу луѓе користат лекови за слабеење како Оземпик во тајност бидејќи мислат дека другите ќе ги осудуваат.

Се грижат дека луѓето ќе си помислат дека не сакаат да вежбаат или да намалат со јадење, но реалноста не е толку едноставна.

Ако некој има потреба да користи вакви помагала, тогаш треба да може да ги користи без страв од осуди“.

Share
Scroll to Top