Од коронавирус почина актерот Марко Живиќ

Од коронавирус почина актерот Марко Живиќ

пред 3 години

Актерот Марко Живиќ почина денеска на 49 години во Белград, по тешка борба со коронавирусот.

Тој последните денови ги помина во болница, на респиратор, а ова беше втор пат да биде хоспитализиран поради коронавирусот.

Првиот пат кога бил примен, состојбата му се стабилизирана, потоа бил пуштен на домашно лекување, но симптомите сепак нагло се влошиле, по што тој повторно бил хоспитализиран.

Дипломирал по глума во 1995 година на Академијата за уметности во Нови Сад, во класата на професорот Раде Марковиќ. Работел во театар и на филм. Тој беше во постојана екипа во театарот „Теразије“ и постојан член на Драмскиот театар во Белград, каде играше во претставите „Кога тиквите цветаа“, „Не се клади на Енглези“, „Поиграј повторно Сем“, Лет над кукавичкото гнездо“, „ Делириум Тременс“ и други. Добитник е на многу награди. Тој ја водеше емисијата „Марко Живиќ шоу“ на ТВ Фокс.

Share
Scroll to Top