Од таксист до шанкерка: Македонските пејачи пред да станат славни

Од таксист до шанкерка: Македонските пејачи пред да станат славни

пред 2 години

Пред да стане славна, Гвен Стефани била чистачка во локален ресторан за брза храна, Ози Озборн заpaботувал во касапница, Мадона продавала крофни. Денес се светски музички ѕвезди, а некогаш работеле за да пpeживеат. И пејачите од македонската естрада не секогаш биле она што се денес.

Па така пејачот Ѓоко Танески сменил повеќе професии. Пред дваесетина години работел како шанкер, келнер и таксист. Во една прилика призна дека добро се снаоѓал и дека не се срами и пак да го работи истото.

За српското издание на магазинот „Хелоу“ Тијана Дапчевиќ раскажа дека првиот работен ангажман го имала на 16 години.

„Снимив реклама за еден популарен пиjaлак и добив солиден хонорар. Веднаш отидов во шопинг, си купив капут и чизми и бев најмодерна во училиште“ вели Дапчевиќ.

Неколку професии пред да почне да пее сменила и фолк пејачката Анета Наковска.

Таа работела прво во агенција за недвижности, подоцна и како книговодител, а работела и на шанк во кафеана.

„Бев вработена и во еден мобилен оператор, прво во правна служба, па во продажен салон, а најдолго се задржав во инфо-центарот. Јас сум за тоа дека човекот треба секогаш чесно да работи. Како што велат возрасните, бадиjaла работи, бадиjaла не седи. Тоа е и моето животно мото“, раскажала фолк пејачката.

Маја Гроздановска-Панчева пред да стане позната пејачка држеше приватни часови по пијано. Кон крајот на 90-тите ја започна својата музичка кариера, а имаше и свирки по локалите низ Скопје.

Андреј и Панчо од популарното дуо „ДНК“ денес имаат хитовски рефрени и полнат сали. Често јавно евоцираат спомени за почетоците на нивните кариери. Андреј во 2005 година една сезона работел како келнер на позната плажа на Халкидики во Грција. Панчо, пак, за џепарлак заработувал уште во тинејџерските години. Прво бил менаџер на јуниор-забави, а работел и како келнер и шанкер.

„Сум бил и хотелски рецепционер и тоа ми беше можеби една од најтешките работи затоа што се чувствував како птица затворена во кафез. Но, за егзистенциja мора сè да се трпи“, раскажал Панчо.

Share
Scroll to Top