Од ФБИ велат дека коронавирусот протекол од лабораторија

Од ФБИ велат дека коронавирусот протекол од лабораторија

пред 2 години

Од Министерството за енергетика на САД, поднеле класифицирана студија до Белата куќа во 2021 година, во која се вели дека вирусот што ја предизвикал пандемијата со ковид 19, најверојатно протекол од лабораторија, објави Wall Street Journal. Овие нови наоди отстапуваат од претходните студии.

Истите биле вклучени во ажурирањето на документот од канцеларијата на директорот на Националното разузнавање Аврил Хејнс. И претходно, американското Федерално биро за истраги објави со „умерена доверба“ дека вирусот се проширил откако протече од кинеска лабораторија.

Иако оригиналниот извештај за 2021 година не донел заклучок, истиот понудил консензус дека „Ковид-19“ не е дел од кинеската програма за биолошко оружје.

Заклучокот на Министерството за енергетика, кој надгледува мрежа од 17 американски лаборатории, вклучително и области од напредна биологија, се смета за значаен и покрај фактот што, како што се наведува во извештајот, бил претставен со „ниска доверба“, пишува „Гардијан“.

Конкурентните хипотези за потеклото на Ковид се фокусираат или на неидентификувано животно што го пренесува вирусот на луѓето или на случајно истекување на вирусот од кинеска истражувачка лабораторија во Вухан. Ажурираните наоди на Министерството за енергетика се во спротивност со извештаите на четири американски разузнавачки агенции кои заклучија дека избувнувањето започнало како резултат на природен пренос од заразено животно. Две агенции останаа неодлучни.

Американските функционери одбија да елаборираат за новите разузнавачки информации или анализи што го наведоа Министерството за енергетика да ја промени својата позиција.

Беше забележано и дека одделот и ФБИ дошле до ист заклучок од различни причини.

Според Светската здравствена организација, од почетокот на 2020 година, Ковид-19, само еден од серијата заразни корона вируси кои се рашириле меѓу луѓето, предизвика близу седум милиони смртни случаи ширум светот и ја наруши трговијата и патувањето.

Кина негираше дека „Ковид-19“ можел да протече од нејзините лаборатории, кои ги вклучуваат Институтот за вирологија во Вухан, Кинескиот центар за контрола и превенција на болести и Институтот за биолошки производи во Вухан.

Според првичниот извештај на американското разузнавање од 2021 година, Ковид-19 првпат циркулирал во Вухан, Кина дури во ноември 2019 година, кога тројца истражувачи од градскиот Институт за вирологија, наводно вклучени во истражување на коронавирус, биле толку болни што побарале болничка нега, известува Танјуг.

Share
Scroll to Top