Осудувана што го љуби Маршалот, преку борбата со ракот и двата пропадната брака: Тереза Кесовија има филмска животна приказна

Осудувана што го љуби Маршалот, преку борбата со ракот и двата пропадната брака: Тереза Кесовија има филмска животна приказна

пред 1 година

Легендарната хрватска пејачка на медитерански рефрени и шансони има филмска животна приказна. Тереза Кесовија е родена на 3 октомври 1938 година во Конавле, село во близина на Дубровник, каде што израснала со татко ѝ Антун, маќеата Јела и братот Перо.

Биле многу сиромашни, но пејачката со радост се сеќава на тој период. Мајка ѝ починала кога таа имала само еден месец, а татко ѝ се преженил со вдовица, која не можела да има деца. Затоа целата своја љубов им ги пренела на Тереза и на брат ѝ.

Веќе на  седум години станала член на хорот на Радио Дубровник и така ја засакала музиката. Завршила средно музичко училиште, отсек флејта. Тој инструмент бил многу скап, па татко ѝ продал свиња за да ѝ го купи.

Во 1958 година победила на натпревар во Љубљана, на кој учествувале млади музичари од цела Југославија. Со часови вежбала на својата флејта и била исплашена бидејќи првпат во својот живот требало да го напушти Дубровник. Во Загреб запишала музичка академија и свирела во симфонискиот оркестар на Радио Загреб. Дипломирала на отсекот за флејта.

Од кариера во Франција до евровизиски дебакл

Првиот поголем настап го имала во 1961 година во загрепското „Вариете“. Соработувала со Зденко Руњиќ, Арсен Дедиќ, Кемал Монтено. Во 1965 година почнала да настапува во Франција, а една од првите песни што ги извела била „Ларина песна“ од филмот „Доктор Живаго“.

Тринаесет години подоцна одржала солистички концерт во париска „Олимпија“, кој е еден од најзначаните настани во нејзината кариера. Иако била многу популарна во Југославија, сепак се одлучила да ризикува и да замине во нова средина. Почетокот бил премногу тежок затоа што дошла сама, без синот и сопругот и не знаела француски јазик. Кога собрала малку пари, ја повикала тетка си и синот да ѝ се придружат.

Била избрана да го претставува Монако на Евровизија, но не освоила ниту еден поен и била на последното место. Тереза е добитничка на „Златна повелба на хуманизмот“ и настапувала на концертите организирани од УНИЦЕФ. Освен на хрватски, своите песни ги пеела на уште осум светски јазици: словенечки, италијански, француски, руски, англиски, германски, шпански и португалски. Запознала големи ѕвезди, како Чарли Чаплин и Ричард Бартон.

Пропаднати бракови и семејна драма

Кесовија зад себе има два развода. Првиот со пејачот Миро Унгар, кого го смета за добар човек, а другиот е со Роналд Лопатни, за кого кажува дека е осветољубив и дека му било драго кога останала на улица.

Тврди дека морала да глуми маж за нејзините сопрузи. И во двата случаја си заминала кога сфатила дека повеќе нема љубов.

Во 1963 година го родила Алан. Неговата сопруга Љиљана и ќерката Мила ги обожава. Никогаш не се мешала во животот на синот и снаата затоа што знаела како е бидејќи нејзе премногу ѝ се мешале во браковите, раскажала Кесовија.

Пејачката во 2010 година објави автобиографија во која ги опишува најтешките моменти од својот живот. Еден од нив е војната во која нејзината куќа била запалена. Се чувствувала протерана од Дубровник и сметала дека луѓето на нејзината љубов одговориле со омраза. Вториот е кога дознала дека брат ѝ загинал во сообраќајна несреќа.

Тереза преживеа рак на бубрезите, како и неколку операции на гласните жици и на ушите.

Никогаш не ја поддржувала естетската хирургија и тврди дека никогаш не направила естетски зафат.

Иако зборувала дека веќе никогаш нема да настапи во Србија, сепак во 2011 година одржа концерт во „Сава центар“, а во 2013 во Домот на синдикатите.

Изјавила дека Белград секогаш ѝ предизвикува солзи и дека го посетила гробот на Тито. Никогаш не ја криела почитта што ја имала кон Маршалот поради што била осудувана.

Преживеала многу тешки моменти во својот живот, а музиката ѝ помогнала да продолжи понатаму. „Без музика не можам да си го замислам животот“, изјавила таа.

Share

https://44anime.net/. 4Anime Watch high quality 1080p online anime with English subtitles. You can watch free anime movies and movies online at 4Anime. Just sit back and relax!

How a Realist Hero Rebuilt the Kingdom

anime streaming Attack on Titan Season 2 (Dub)

4Anime WONDER EGG PRIORITY Episode 7

animes online Record of Ragnarok

4Anime The Rising of the Shield Hero (Dub)

Scroll to Top