Српскиот рапер Раста сеуште е во притвор и не се знае како овој пат ќе помине затоа што ова е второ негово апсење. Првиот пат се извлекол со парчна казна. Неколку дена откако го следела полицијата во петокот беше уапсен со кесичка марихуана која што му била пронајдена во гаќите, а по претрес во неговиот дом нашле скоро еден килограм во машината за перење алишта.
Во полицијата Раста признал дека конзумира марихуана и дека е поборник за нејзино користење но дека не ја продавал на други, а големото количество го правдал со залиха заради короната.
Медиумите пренесоа дека за ова може да добие затворска казна и со 12 години.





