Откриена мумија со златен јазик во Египет

Откриена мумија со златен јазик во Египет

пред 5 години

Тим археолози од Египет и Доминиканската Република, открија мумија со златен јазик во еден од древните храмови. Истражувачите ја откопале мумијата која била балзамирана пред повеќе од 2000 години и на која јазикот и бил заменет со златна полуга.

Мумијата е откриена во древниот град Тапосирис Магна, што во превод значи „големата Озирисова гробница“. Озирис се сметал за бог на подземјето. Заедно со Изида и Хор, Изирис го формирал главното тројство меѓу египетските богови и божици.

Истражувачите велат дека на починатиот намерно му бил поставен златен јазик, за да може да разговара со боговите во задгробниот живот. Во соопштението на египетското Министерство за туризам е наведено дека експертите пронашле остатоци од позлатен картон во облик на јазик, кој со посебен ритуал и бил ставен на мумијата, за да се осигура нејзината способност да говори во задгробниот животи.

Мумијата е откриена во една од 16 гробни комори во Тапосирис Магни, кои исто така има храмови посветени на Изди. Во една од останатите 15 гробни комори, жената е погребана со смртна маска, која го покрива поголемиот дел од нејзиното тело.

Во друга комора, научниците откриле остатоци од свитоци, кои експертите во моментов се обидуваат да го дешифрираат. Истражувачите исто така откриле неколку статути на поединци, кои било погребани на тоа место.

Научниците веруваат дека погребаните лица имале висок статус во општеството. Киповите останале недопрени во последните 2000 години и сè уште може да им се видат фризурите кои ги носеле во својот живот.

Археолозите веруваат дека луѓето веројатно живееле во периодот Птоломеј (305. до 30 години пред нашата ера). Се смета дека мумиите биле Египјани, повеќе од средната класа, затоа што се чини дека постапката на мумификација и погребот биле софистицирани.

Древен Египет е познат по своите неверојатни анализи, од импресивни гробници и пирамиди, привлекувајќи милиони туристи.

 

Share
Scroll to Top