Охрид СОС: несовесни сограѓани, сонародници и гости фрлаат пластичен отпад во Охридско езеро

Охрид СОС: несовесни сограѓани, сонародници и гости фрлаат пластичен отпад во Охридско езеро

пред 1 година






Пластичен отпад кој ја загадува животната средина изваден од водите на Охридското езеро. Од Охирд СОС објавија фотографии и напишаа дека тие се резултат од човечкиот придонес за животната средина.

Велат наместо да се стремиме кон органски и разградливи пакувања, на пазарот доминира пластиката.

„Ниеден производител не се грижи што (ќе) се случува со пакувањето откако производот ќе се употреби. Најбитно да се продаде што повеќе, да се оствари профит. Иако голем дел од пластичниот отпад е видлив, постои и микро пластика која може да се најде и во водата, во почвата. Пластичната амбалажа ни доаѓа од притоките, несовесните сограѓани, сонародници или гости ја фрлаат каде што ќе стигнат, се остава во националниот парк, лета по улиците при посилен ветар. Иако има неброени акции за чистење на копно и под вода, пластичниот отпад одново се натрупува на голем број локации. Во отсуство на санкции, надзор, овој проблем не само што не се решава, туку и се продлабочува“, велат од Охрид СОС.





Share
Scroll to Top