Панче Касапски е првиот артист со кој Лара Иванова ја повтори соработката

Панче Касапски е првиот артист со кој Лара Иванова ја повтори соработката

пред 3 месеци

Панче Касапски е првиот артист со кој Лара Иванова ќе ја повтори соработката. Поп баладата „Само сврти се“ беше почеток на нивната успешна музичка приказна. Во првиот дует преовладува изразен бит, чиј темел се емоциите и уметноста.

Зад првата песна се потпиша исклучително квалитетен и искусен тим. Музиката и аранжманот се на Панче Касапски, миксот и мастерингот беа снимени во студиото на Лазар Цветкоски, а текстот е на Робин Зимбаков. Режисерската палка на видеозаписот му припаѓа на Ѓорги Вацев, а уникатното сценарио за видеото се должи на креативноста на целиот тим.

„Само сврти се“ за рекордно време стана еден од најслушани македонски поп дуети и доби исклучително позитивни коментари од целата македонска јавност.

Лара Иванова ја најави следната соработка со Панче Касапски на социјалните мрежи, а го откри и името на дуетот – ТОКСИН. Дали и зад ТОКСИН ќе се потпише истиот тим од претходната соработка, останува да дознаеме по објавувањето на песната и видео записот. До датумот на објавување на новата песна ТОКСИН, остануваат многу неодговорени прашања, односно дали и зад ТОКСИН ќе се потпише истиот тим од претходната соработка и дали Панче Касапски, можеби дел од авторскиот тим за компилацијата на сите нови четири песни кои наскоро ќе бидат дел од македонскиот музички етер.

ТОКСИН е меѓу четирите нови песни на Лара Иванова, која за првпат во исто време објавува ваков проект, со посебни видео записи за секоја од песните. Само лага, Ризик и Таму горе, се останатите три музички парчиња, кои јавноста ги очекува со нетрпение.

Share
Scroll to Top