Пензионери со боксови се степаа во Сплит

Пензионери со боксови се степаа во Сплит

пред 3 години

Двајца пензионери се степаа во Сплит поради оштетување автомобил. На видеото што се појави во јавноста се гледа како двајца мажи се тепаат, а третиот што се појавува си ја држи главта, додека една жена повикува полиција.

Како што пренесува „Индекс.хр“, мажите се степале поради мала сообраќајна несреќа, односно оштетување автомобил на паркинг, а за тоа има и  снимка од настанот.

„Тепаш маж поради лим“, извикува жената на видеото, а еден од мажите, кој моментно зазема борбен став и ја почнува борбата, извикува: „Ми го удри автомобилот“.

Полицијата во Сплит – Далмација потврди дека станува збор за инцидент пред шест дена и дека е во тек кривична истрага.


Ќе ви се допадне

Share
Scroll to Top