Ноемвриските викенди се приближуваат. Секој кој сака да се одмори од секојдневниот живот и рутини, има можност да испланира патување овој ноември, ова е вистинска прилика да спознае нови идеи за супер дестинации кои би можел да ги одбере. Дознајте во продолжение, кои се нашите топ 5 предлози:
Париз
Не постои место кое на есен изгледа толку убаво како престолнината на Франција. Шарените листови добро се мешаат со светлите згради. Прошетките во ноемвриските денови во Париз се вистинско задоволство, особено земајќи го во обѕир кафето и другите локални деликатеси како што е сирењето или кроасаните, по кои овој град е препознатлив.
Лондон
Ова е град во кој секогаш ќе посакате да се вратите. Има волшебна атмосфера, секој кварт е поинаков. И најдоброто од сè е што изгледа како некој кадар од филм. Без разлика дали ќе се одлучите да прошетате по брдото Notthing или ќе го посетите SOHO, ви гарантираме дека ќе бидете опкружени со шармот кој го нуди овој град.
Виена
Зошто да ја посетите Виена на есен? Одговорот на ова прашање е едноставно: затоа што има многу од тоа што треба да се види или направи во Виена. Без разлика на временските прилики, главниот град на Австрија нуди бројни туристички атракции, почнувајќи од прошетките по прекрасните впечатливи улици, преку софистицираните палати, па сè до огромните музеи и изложби со делата на светски познатите уметници.
Мадрид
Ако ве интересира како изгледа животот во Мадрид, време е да дознаете самите. Тоа е убав и жив град со величествена, сјајна архитектура и многу атракции. Одличен избор е за краток есенски одмор затоа што во него можете да најдете сè што ви е потребно за да поминете пријатно време – музеи, пабови, барови со сангрија… Совршено е за романтични вечери со чаша шпанско вино со преубав поглед.
Берлин
Главниот град на Германија е полн со живот: почнувајќи од класичните споменици, како што се палетите, па сè до огромните можности за забава по кои Берлин е познат. Дури, и љубителите на добрата кујна овде можат да откријат добри кулинарски места кои дефинитивно ќе им го украдат срцето.
Овде исто така можете да најдете многу прекрасни кафулиња. Берлин е еден од најдобрите места за шопинг, многу светски познати модни брендови овде имаат бутици, така што лесно можете да најдете нешто по поволни цени.