Печени компири со сирење и кромид

Печени компири со сирење и кромид

пред 2 години

Состојки:
900 гр мали компири со кора, 100 гр рендано сирење, 4 лажици масло, 2 лажици путер, 2 главици кромид, 2 лажици сечкан млад лук, сол и бибер по вкус.

Подготовка:
Добро измијте ги компирите. Варете ги во тенџере со вода околу 10 до 15 минути додека не омекнат. Исцедете ги од водата, исушете ги со хартиена крпа и префрлете ги во поголем сад. Посипете ги компирите со две лажици масло. Зачинете со сол и бибер.

Префрлете ги компирите во плех за печење. Згмечете го секој компир со дното на чаша или кригла. Се пече во загреана рерна на 220 степени Целзиусови околу 20 до 25 минути. На половина од готвењето, превртете ги компирите.

Во тава загрејте две лажици путер и две лажици масло и пропржете го кромидот исечкан на ленти. Посолете го. Пропржете го кромидот додека не омекне, околу 5 до 7 минути. Намалете ја топлината и динстајте го кромидот додека не порумени и карамелизира – помеѓу 20 и 35 минути. Доколку е потребно, можете да додадете малку вода.
Печените компири посипете ги со карамелизиран кромид и рендано сирење. Вратете ја во рерна околу една минута додека кашкавалот не се растопи.

Share
Scroll to Top