Пешачевме со километри до полската граница, Шон Пен ја напушти Украина

Пешачевме со километри до полската граница, Шон Пен ја напушти Украина

пред 3 години

Оскаровецот Шон Пен (61), рече дека ја напуштил Украина и дека заминал за Полска. Глумецот рече дека тој и неговиот тим патувале со километри за да стигнат до автомобилот кој го оставиле на границата.

„Јас и двајца колеги пешачевме со километри до полската граница откако го оставивме автомобилот покрај патот. Речиси сите автомобили пред мене превезуваа само жени и деца. Повеќето беа без багаж. Сè што имаа беше автомобилот“, рече Пен.

За потсетување, Шон Пен веќе со месеци снимаше документарец за ситуацијата во Украина, а во земјата рече дека дошол кога започнала руската агресија.

Во ноември 2021 година ги почна подготовките за снимање на документарен филм во продукција на „Вајс“. Во Киев се вратил минатата недела пред да почне конфликтот, за кој го обвини Путин објаснувајќи дека рускиот претседател дека направил голема грешка.

Share
Scroll to Top