Пејачката Ава Макс во фустан на Златко Јовановски на насловната на светски магазин

Пејачката Ава Макс во фустан на Златко Јовановски на насловната на светски магазин

пред 8 месеци

Познатата пејачка Ава Макс позираше со фустан на македонскиот дизајнер Златко Јовановски на насловната страна на магазинот Her World Magazine.

„Среќен сум што пејачката Ава Макс носеше моја креација на насловната страна на Her World Magazine. Ме контактираа преку форумот во кој сум зачленет таму. Искрено не се надевав премногу на вакво нешто, а уште помалку помислив дека токму во моја креација ќе биде насловната. Само ќе кажам, верувајте во себе и се е возможно“, ни кажа Златко.

Ова не е првпат креациите на Јовановски да бидат забележани на светската сцена.

На крајот на 2018 година, неговите креации беа избрани за снимање на краткометражен моден филм, направен од стилистите на популарниот пејач Тајга, познат и како поранешниот дечко на Кајли Џенер.

Share

AnimeHeaven hunter x hunter anime heaven: Dr. Stone (https://animeheaven.pro/m/xp24) Episode 24

AniWatch watch anime: A Silent Voice Episode Full

Scroll to Top