Били Џо Амстронг, пејачот на американската група „Грин деј“, најави дека ќе се откаже од американското државјанство и ќе се пресели во Англија бидејќи е многу револтиран затоа што Врховниот суд ја поништи пресудата со која се легализира правото на абортус.
Пејачот ја коментира одлуката пред публиката на концертот на бендот во Лондон.
Армстронг е фронтмен на „Грин деј“ од 1987 година. Тој е меѓу многуте либерални познати личности кои изразија гнев поради одлуката на Врховниот суд да го отфрли случајот на Ро против Вејд. Пресудата ефикасно стави крај на признавањето на уставното право на абортус и им даде на одделните држави овластување да ја дозволат, ограничат или забранат оваа практика целосно.
Ова не е првпат Армстронг да изрази револт кон САД. Во хит-песната „Грин деј“ од 2004 година од истоимената група бендот ги осуди американските медиуми. Армстронг јавно зборуваше дека не е поддржувач на политиката на поранешниот претседател Доналд Трамп.