Пике откри колку заработува, откако го обвинија дека профитира од Барселона

Пике откри колку заработува, откако го обвинија дека профитира од Барселона

пред 3 години

Капитенот на Барселона, Жерард Пике луто реагираше на обвинувањата од каталонската „ТВ3“ дека профитира од Барселона иако формално се согласи да му се намали платата со цел да му помогне на својот омилен тим.

Тој на Твитер ја објави својата плата во Барселона, односно својата полугодишна плата од 2.328.884,39 евра (што значи дека годишно добива 4.65 милиони евра, далеку помалку од 23 милиони евра кои ги добиваше пред намалување на платата).

„Вакви луѓе ја користат телевизијата за да објавуваат дезинформации. Еве ја половината од мојата годишна плата за минатата година, која ја добив на 30 декември. Малку повеќе респект“, пишува Пике.

„ТВ3“ покрај Пике, ги обвини и другите ко-капитени на клубот, Жорди Алба и Серхио Бускетс добиваат огромни бонуси за лојалност на клубот.

Ова не е првпат телевизијата да обвини некого за профитирање. Таа претходно објави дека и покрај намалувањата, Бускетс добива 23 милиони евра, Алба и Самуел Умтити по 20 милиони евра, Кутињо 16 милиони евра, Тер Штеген 14 милиони евра, а Серхи Роберто 12 милиони евра.

Share
Scroll to Top