Потребни состојки:
600g пилешко бело месо
50ml масло
сок од еден лимон
10g брашно
100ml бело вино
150ml павлака за готвење
20g путер
Магдонос, сол, бибер
1 лажица сув билен зачин
Начин на подготовка:
Исечете го месото на шницли, зачинете со билен зачин, сол и бибер и посипете ги малку со сокот од лимон. Вака подготвените шницли оставете ги малку да отстојат.
Потоа посипете ги со брашно и пржете ги на загреано масло. Кога ќе добијат убава светло кафеава боја, прелијте ги со виното и продолжете да ги динстувате.
Во подлабок сад, измешајте ја павлаката за готвење, додадете малку сок од лимон, бибер и додадете уште малку сув билен зачин. Убаво измешајте ги сите состојки и варете на тивок оган додека добро не се соедини, а кон крајот додадете го путерот во сосот.
Прелијте ги топлите пилешки шницли со сосот, наросете свеж магдонос и декорирајте со парчиња лимон.