Пит Дејвидсон имал сообраќајка, со автомобил удри во куќа во Беверли Хилс

Пит Дејвидсон имал сообраќајка, со автомобил удри во куќа во Беверли Хилс

пред 2 години





Познатиот американски комичар Пит Дејвидсон и неговата девојка Чејс Суи Вондерс имаа сообраќајка во саботата вечерата. Како што пренесе TMZ, двајцата со „Мерцедес“ удриле во куќа во Беверли Хилс.

Извори за TMZ рекоа дека Пит изгубил контрола и се качил на тротоар. Удрил во противпожарниот хидрант и на крајот завршил во една од куќите. По несреќата се гледале и трагите на тревникот кои ги оставил и малото оштетување на куќата.

Во несреќата нема повредени, а полицијата веднаш направила увид на местото. Како што пренесуваат медиумите Дејвидон не бил под влијание на алкохол и дрога, но истрагата сè уште е во тек. Наводно никој не ни бил уапсен на местото на несреќата. Ден претходно Пит со девојката беа на Хаваи.

 





Share
Scroll to Top