„Плаќам музичари кои не работат“, Милица Тодоровиќ раскажува како им помага на колегите во време на криза

„Плаќам музичари кои не работат“, Милица Тодоровиќ раскажува како им помага на колегите во време на криза

пред 7 месеци

Пејачката Милица Тодоровиќ во едно од своите последни интервјуа, објасни дека таа исто како и нејзините колеги биле погодени од корона кризата и дека во моментов се обидува на сите начини да дојде до извор на пари, за да ги плати нејзините музичари и ги задржи.

„Тоа што не работам ме прави да се чувствувам загрозено. Ние познатите пејачи можеби повеќе заработуваме, но и многу трошиме. Трошиме на песни, студио, спотови. Во моментов ги плаќам моите музичари кои не работат ништо, само за да ги задржам“, објаснува пејачката.

Таа изјави дека живее од нејзината заштеда, дека редовно го плаќа кредитот кој го подигнала за стан, но објаснила и дека има дополнителни трошоци во овој период.

За потсетување, Милица неодамна призна дека е во дополнителна тешка состојба, поради тоа што не заработува од настапите, а пред целата ситуација поврзана со пандемијата, таа подигнала кредит.

„Не можев во кеш да го платам станот, затоа што никогаш не сум била добра со парите. Подигнав кредит, кој и понатаму го плаќам. Станот не беше евтин, а сакав да живеам во близина на мојот кум Стеван Анџелковиќ. Тој ме наговори да земам кредит. Редовно ги плаќам своите обврски иако не настапувам во моментов. Имам заштеда со која се покривам“, открила пејачката.

 

 

Share

GoGoAnime anime sites: Death Note (Dub) Episode 37

KissAnime free anime: Spirit Chronicles (https://kissanimeonline.com/m/MVBQ) Episode Preview

Scroll to Top