Шест жени поднеле тужба за сексуално злоставување, против финансиерот Хауард Рубин (66) кој е познат и како човек кој е многу близок до милијардерот Џорџ Сорос. Тие тврдат дека тој ги тепал и сексуално ги злоставувал во тајна просторија во неговиот луксузен стан во Менхетен.
Рубин кој со години му бил десна рака на Сорос, сега тврди дека жените самоволно се согласиле на такво нешто, но и дека го прекршиле законот, затоа што тие потпишале договор за доверливост.
Сега на нив им се заканува казна од 500.000 долари. Неговиот адвокат Едвард Мекдоналд, вели дека жртвите биле свесни за тоа во што се впуштаат и дека по дружбата со неговиот клиент тие знаеле дека можеби ќе претрпат некакви повреди, пренесува „Дејли Мејл“.
„Мојот клиент нема сторено никаков злостор. Во прашање е цивилна парница“, изјавил тој и ги отфрлил наводите дека Рубин ги дрогирал жртвите.Тој објаснил дека веројатно Рубин им давал лекови за ублажување на болките.
Рубин кој е оженет, важи за бескурпулозен банкар на Вол Стрит. Тој им плаќал на жените по 5000 долари за да учествуваат во сексуални настрани фетиши како што се бондиџ, дисциплина, садисам и мазохизам.
Во 1987 година, Рубин бил главниот виновник за губењето на дури 377 милиони долари кои ги остварил Мерил Линч, инвестицискиот огранок на Американската банка.
Сега шест жени кои учествувале во неговите настрани сексуални игри, решија да го тужат, тврдејќи дека тој ги злоставувал игнорирајќи го безбедносниот збор и дека физички ги повредувал.
Безбедносниот збор се одредува пред учествувањето во овие перверзии. Почетокот на судењето е закажано за ноември оваа година. Жртвите бараат од Рубин 18 милиони долари оштета.