Поради војната во Украина нема да се игра фудбал на Сантијаго Бернабеу уште една година, пренесоа шпанските медиуми. Војната во Украина им направи проблеми на челниците на Реал Мадрид и „кралскиот клуб“ никако не може да го заврши реновирањето на стадинот.
Тоа трае уште од 2019 година и Реал Мадрид досега ги играше натпреварите на својот помошен терен Алфредо Ди Стефано. Поради короната претходно не можеа да сметаат на приход од влезници, а сега осложувањето им создаде уште поголеми проблеми.
Претседателот на клубот Флорентино Перез за шпанското радио El Čingirito рече дека стадионот ќе биде готов за наредната сезона.
„Ќе биде подготвен за година дена, пред крајот на наредната сезона. Кога почнавме да работиме дојде пандемијата, а потоа војната во Украина и тоа испровоцира две работи. Недостаток на материјал и зголемени цени. Но, ние сме во процес на решавање на проблемите и среќни сме поради тоа“, рече Перез.
Како што пренесе As, дури во сезоната 2023/24 ќе може да се очекува Реал Мадрид повторно да игра на стадионот наречен по некогашниот претседател на овој клуб.
Ќе ви се допадне
Би можело да ве интересира
Иран го осуди на смрт најдобриот фудбалер во историјата на земјата
(Видео) Оклахома победи на првата американска верзија на Евровизија
Научниците ја тестираат првата летечка чинија која може да лебди на Месечината и да не спаси од астероидите
Меси и Гвардиола ќе се сретнат еден против друг, познати групите за Лигата на шампиони
Карди Би повторно бремена, поднесе барање за развод, па се премисли

