Поранешен директор за дизајн на Епл го направи амблемот на крунисување за кралот Чарлс

Поранешен директор за дизајн на Епл го направи амблемот на крунисување за кралот Чарлс

пред 2 години

Џони Ајв и неговата дизајнерска фирма „Лав фром“ го дизајнираа амблемот за крунисувањето на кралот Чарлс III, според новата веб-страница на кралското семејство.

На амблемот е претставена флора од сите четири нации кои го сочинуваат Обединетото Кралство – англиската роза, шкотскиот трн, велшкиот нарцис и северноирскиот шамрок, оддавајќи почит на љубовта на кралот кон природата, соопшти палатата.

Биле користени боите на британското знаме: црвена, бела и сина.

„Дизајнот беше инспириран од љубовта на кралот Чарлс кон планетата, природата и неговата голема грижа за природата. Амблемот зборува за оптимизмот на пролетта и го слави почетокот на оваа нова ера за Обединетото Кралство“, изјавил дизајнерот Џони Ајв.

Чарлс автоматски стана крал на 15 кралства, вклучувајќи ги Канада, Нов Зеланд и Австралија, по смртта на неговата мајка, кралицата Елизабета, а неговото официјално крунисување ќе се одржи на 6 мај во лондонската Вестминстерска опатија во согласност со традицијата.

Крунисувањето ќе биде придружено со прослави, вклучувајќи концерт во замокот Виндзор, улични забави, светлосни шоуа и волонтирање во заедницата, соопшти палатата.

 

Share
Scroll to Top