Поранешниот директор на ЦИА, Џон Бренан, ниту признава ниту негира дека постојат вонземјани

„Дрско е да се верува дека на ниедно место во цел универзум не постои друг облик на живот“, вели поранешниот директор на ЦИА

пред 4 години

Поранешниот директор на ЦИА, Џон Бренан, неодамна ги објасни деклафицираните видео снимки со НЛО, од Пентагон и изјавил дека кон нив треба да се пристапи со отворен ум.

„Ги видеов снимките кои ги направија морнаричките пилоти и морам да ви кажам дека се прилично зачудувачки“, изјавил Бренан во неодамнешното интервју кое го дал на Универзитетот „Џорџ Масон“.

Меѓу снимките, имало и такви со таканаречен „тик-так објект“, кој пилотите во 2004 година, го снимиле со камера, како изведува вратоломија и меневри кои им пркосат на законите на физиката. Видеото го снимиле на 100 километри од брегот на Тихиот океан.

Бренан бил внимателен во изборот на зборови и не сакал ниту да потврди, ниту пак да негира дека постојат вонземјани, пренесува Курир.рс, повикувајќи се на „Раша тудеј“.

„Обидете се да соберете колку е можно повеќе податоци во поглед на визуелните слики. Мораме да пристапиме отворно, но со собирање на колку е можно повеќе податоци и да бидат вклучени поголем број на експерти“, изјавил Бренан.

На инсистирање да каже дали постојат вонземјани и дали тие ја посетиле Земјата, Бренан одоговорил дека е дрско и арогантно да се верува дека никаде во целиот Универзум не постои друг облик на живот.

Сепак Бренан се дообјаснил, дека тоа можеби и не одовара на идејата, што ние нужно ја сметаме за живот.

Тој говорел и за натприродни сили, сугерирајќи дека на снимките можеби се гледа некаков феномен кој е резултат на нешто што ние не можеме да го разбереме и што би можело да вклучува некој вид на активност која претставува поинаков облик на живот.

Тој својот став го окарактиризирал како агностички, но одбил да шпекулира за вонземјани, богови, демони, божества или некакви суперхерои.

Тој приклучил во редовите на сè поголемиот број на високи официјални претставнци од целиот свет, кои изразиле посебна радозналост во врска со „Досиеата Икс“, кои Пентагон во последните години ги имал декласификувано.

„Сојузната влада на сите овие години ги прикриваше доказите за постоење на било какво НЛО“, изјавил поранешниот лидер на мнозинството во Сенатот, Хери Рејд во неодамнешниот документарен филм.

Поранешниот шеф на вселенската едница на израелското Министерство за одбрана, Хаим Ешед, дигнал голема прашина овој месец, кога откри дека луѓето стапиле во контакт со галактичка федерација на вонземјани, со која човекот имал потпишано договор за изведување на експерименти, тука на Земјата, пренесе „НБЦ њуз“.

Тој исто така тврдел деа на Марс постоела подземна американска база со човечки екипаж, но одбил да даде било каков доказ и додал дека американскиот претседател Доналд Трамп, бил на чекор да ја открие интергалактичката тајна, пред „Федерацијата“ да го спречи, да предизвика масовна хистерија на глобално ниво.

Share
Scroll to Top