Поранешниот сопруг на Софија Вергара проговори за причините за разводот: Се заколнав дека нема да ја оставам поради тоа

Поранешниот сопруг на Софија Вергара проговори за причините за разводот: Се заколнав дека нема да ја оставам поради тоа

пред 1 месец

Софија Вергара и Џо Манганиело решија да се разведат, но во реалноста причините никогаш не беа откриени.

Во медиумите причина за пропаѓањето на нивниот брак беше наведено дека познатата актерка не сакала деца. Меѓутоа, нејзиниот поранешен сопруг сега откри дека тоа не била причината за нивниот развод.

„Во печатот многу се зборуваше за мојата желба да имам семејство. Тоа едноставно не е точно. Се обидовме да имаме семејство првата година и половина. Јас и реков: Ако не сакаш веќе деца ќе разберам и ќе знам за што се работи и не е проблем. Но, тоа не беше случај со неа и ѝ се заколнав дека никогаш нема да ја оставам ако не успее“, откри Манганиело во интервју за Men’s Journal.

Софија Вергара била изненадена од неговите зборови бидејќи сметала дека токму детето е причина за распадот на нејзиниот брак.

„Мојот брак се распадна затоа што мојот сопруг беше помлад, сакаше деца, а јас не сакав да бидам стара мајка. Мислам дека тоа не е фер кон бебето. Го почитувам кој и да го прави тоа, но не е веќе за мене. Веќе имав син на 19 години, кој сега има 32 години, а јас сум подготвена да бидам баба, а не мајка“, изјави Вергара за шпански весник.

Share
Scroll to Top