Пороен дожд, грмежи и ветер над 60 км/ч: УХМР предупредува на локално невреме денеска

Пороен дожд, грмежи и ветер над 60 км/ч: УХМР предупредува на локално невреме денеска

пред 1 час

Нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер се очекува денеска на повеќе места низ државата, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни и ќе има услови за невреме проследено со пообилен дожд, електрични празнења, силен ветер со брзина над 60 километри на час и појава на град.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а во делови од котлината се очекува нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува умерен, а повремено и засилен ветер од северен правец.

Дневните температури низ земјава ќе се движат од 15 до 29 степени, при што најтопло ќе биде во југоисточните делови, а посвежо во западните и северните региони. Надлежните апелираат граѓаните да бидат внимателни поради можноста за локално невреме и нагли временски промени.

Share
Scroll to Top