Посвоената ќерка на Владе Дивац сака да ги запознае биолошките родители

Посвоената ќерка на Владе Дивац сака да ги запознае биолошките родители

пред 3 години

Српскиот кошаркар Владе Дивац покрај своите две биолошки деца, синовите Лука и Матија, ја има и посвоената ќерка Петра. 24-годишната Петра со години пишува блог и објавува семејни слики и секогаш вели дека е благодарна што ја посвоиле најпрекрасните луѓе на целиот свет. Но, сега вели дека сака да ги запознае биолошките родители.

„Луѓето често ме прашуваат како е да имаш две мајки и двајца татковци. Немам по двајца родители. Ги имам само мајка ми и татко ми. Луѓето што ме одгледаа и што направија да бидам независна, интелигентна и силна девојка. Потоа, имам и биолошка мајка, жената што ме родила и на која ќе ѝ бидам вечно благодарна што сум денес опкружена со вистинските луѓе. Не знам ништо за жената што ме родила, а ни за мојот биолошки татко, не сум во контакт со нив. Би сакала да ги запознам еден ден, но не ми се брза. Често размислувам за тоа дали личам на некој од нив и дали имам некоја нивна особина“, напиша Петра во својот блог.

Дивац и сопругата Снежана, која е по потекло Македонка, ја посвоиле Петра кога била 6-месечно бебе.

Петра неодамна беше во центарот на вниманието, откако јавноста дозна дека фудбалерот Неша Савељиќ (51), кој е близок пријател на Дивац, ѝ испраќал непристојни пораки. Владе пред Нова година се сретнал со Неша во ресторан во Белград и го натепал. По ова некогашниот фудбалер изјави дека навистина ѝ испратил неколку пораки на Петра, но дека тие биле погрешно сфатени, а тој немал лоша намера.

Share
Scroll to Top