Почина американецот кому му пресадија срце од свиња пред два месеци

Почина американецот кому му пресадија срце од свиња пред два месеци

пред 3 години

Во вторникот почина американецот Дејвид Бенет (57), првиот пациент кому му беше пресадено генетски модифицирано срце од свиња, засега од непознати причини, изјавија Медицинскиот центар на Универзитетот во Мериленд, каде што беше извршена трансплантацијата на 7 јануари.

Новото срце работеше добро со недели, без знаци на одбивање. Иако беше изнемоштен од лежење во кревет, сепак добиваше рехабилитација и можеше да седне и да го гледа „Супер Боул“ со својот терапевт, а во една прилика дури и пееше. Но последните неколку денови, неговата здравствена состојба почнал да се влошува, а болницата вчера објави дека тој починал, објави „Ју-Ес-Еј Тудеј“.

Докторите изјавија дека планираат да направат детален преглед на неговата смрт и дека ќе ги објават резултатите.

Иако живееше само два месеци после трансплатацијата, сепак таа многу значи за истражувањето на полето на ксенотрансплантација, за кое лекарите и експертите се надеваат дека ќе им помогне во решавањето на недостигот на човечки органи.

Американски хирурзи првпат пресадија срце од свиња на човек

Share
Scroll to Top