Почина американска рокенрол легенда Дон Еверли

Почина американска рокенрол легенда Дон Еверли

пред 3 години

Американскиот музичар Дон Еверли, член на легендарното рокенрол дуо Еверли Брадерс, почина во Нешвил, на 84 години. Пејачот и гитарист, кој свиреше и пееше со неговиот брат Фил, почина во неговиот дом, потврдија од семејството за „Лос Анџелес тајмс“. Тие не ги открија причините за смртта на музичарот.

„Дон живееше како што сакаше, но секогаш го ценеше тоа што може да ги оствари сите соништа“, се вели во соопштението на семејството Еверли.

Исак Доналд Еверли е роден на 1 февруари 1937 година во Кентаки. Иако неговиот татко работел во рудник, тој исто така се занимавал музика и свирел гитара како хоби. Семејството се преселило во Чикаго каде што сите заедно почнале да настапуваат како Еверли фемили. Двајцата браќа, Дон и Фил, решиле да ја остават семејната група и го формирале познатото дуо со кое стекнаа и светска слава.

Во текот на педесеттите и шеесеттите години на минатиот век, тие беа на топ листите со хитови во кои комбинираа рокенрол и кантри: Bye Bye Love, Cathy’s Clown, All I Have to Do Is Dream. Помеѓу 1957 и 1962 година, тие имаа петнаесет топ 10 хитови во Америка.

Share
Scroll to Top