Американскиот пејач и композитор Марк Ланеган, кој e еден од пионерите на гранџ музиката, почина на 57 години во својот дом во Ирска. Тој долги години беше фронтмен на групата „Скриминг трис“, но истовремено градеше успешна соло кариера. Лани се заразил со корона и се лекувал со месеци, по што бил ставен во вештачка кома. Но, причината за смртта не е објавена.
Ланеган сними седум албуми со „Скриминг трис“, пред групата да се распадне во 2000 година. Во меѓувреме издаваше и соло албуми, од кои последниот, единаесетти, излезе пред две години. Тој беше и редовен соработник на групата „Квинс оф д стоун ејџ“ и со нив свиреше на пет албуми.
Пред седум години, Ланеган одржа концерт во Младински културен центар во Скопје.






