Почина модниот дизајнер Ренато Балестра, доајен на високата мода

Почина модниот дизајнер Ренато Балестра, доајен на високата мода

пред 2 години

На 98 -годишна возраст почина доајенот на високата мода, модниот креатор Ренато Балестра.

dobivaj vesti na viber

Информацијата ја соопштија неговите ќерки Фабијана и Федерика заедно со внуката Софија, која ќе го преземе управувањето со брендот.

Погребот ќе се одржи в вторник на 29 ноември во главниот град на Италија во црквата Санта Марија дел Пополо.

Балестра дизајнираше облека за холивудските диви Софија Лорен и Ава Гарднер, брзо станувајќи една од најпочитуваните стилисти на големите ѕвезди на холивудската кинематографија. Тој случајно пристигна во светот на модата. Неговите пријатели од Техничкиот факултет го замолиле да дизајнира женски фустан поради обложување, но потоа без негово знаење ја испратиле скицата во една висока модна куќа во Милано, која веднаш го повикала да соработува со нив.

Share
Scroll to Top