Почина научникот што го разви првиот тест на корнавирус со плунка

Почина научникот што го разви првиот тест на корнавирус со плунка

пред 3 години

Истражувачот и професор што го разви првиот одобрен тест на коронавирус со плунка, Ендрју Брукс, почина од срцев удар на 51-годишна возраст.

Ендрју раководел со лабораторијата на Универзитетот „Рутџерс“ во Њу Брансвик во Њу Џерси. Тој е човекот што го разви тестот на Ковид-19 со плунка, а од Агенцијата за храна и лекови на САД го одобрија во април минатата година. Во мај тој почна да се користи во домашни услови.

„Брукс е еден од анонимните херои на нашата земја, неговата работа несомнено спаси многу животи. Не можеме да му се заблагодариме доволно за она што го направи во својата кариера“, изјави гувернерот на Њу Џерси, Фил Марфи.

Брукс лани изјави дека го развил тестот со плунка како алтернатива за стандардното земање брис од носот со цел да им помогне на здравствените работници што се борат против коронавирусот.

Share
Scroll to Top