Почина помладиот брат на основачот на Северна Кореја, Ким Џонг-џу

Почина помладиот брат на основачот на Северна Кореја, Ким Џонг-џу

пред 3 години

Севернокорејските државни медиуми објавија, без да наведат датум, дека почина Ким Џонг-џу, помладиот брат на основачот на Северна Кореја, Ким Ил-сунг.

Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун изрази сочувство и испрати венец.
Медиумите не наведуваат кога почина Ким Џонг-џу, но според податоците на севернокорејското Министерство за обединување, тој е роден во 1920 година.

Три генерации од семејството на Ким владеат со Северна Кореја откако Ким Ил-сунг ја формира земјата во 1948 година. Во 1994 година по смртта на Ким Ил-сунг власта ја презема неговиот најстар син Ким Џонг-ил. По неговата смрт во 2011 година власта ја презема неговиот најмлад син Ким Џонг-ун.

За време на владеењето на Ким Ил-сунг, Ким Џонг-џу важеше за втор најмоќен човек во земјата, дури и за наследник на својот брат. Тој извршуваше повеќе високи функции во владејачката Работничка партија, а во 1972 година ја претставуваше Северна Кореја на потпишувањето на мировниот договор со Јужна Кореја.

Ким Џонг-џу последен пат е виден во јавност во 2015 година, кога беше снимен од државната телевизија како се поклонува пред портретите на Ким Ил-сунг и на Ким Џонг-ил откако гласаше на локалните избори.

Share
Scroll to Top