Почина поранешниот папа Бенедикт Шеснаесетти, првиот што поднесе оставка по 1415 година

Почина поранешниот папа Бенедикт Шеснаесетти, првиот што поднесе оставка по 1415 година

пред 1 година

Поранешниот папа Бенедикт Шеснаесетти почина денес во својата резиденција во Ватикан, на 95 години. Почина една деценија откако се повлече поради нарушено здравје. Веста ја објавија од Ватикан.

„Со тага ве известуваме дека почесниот папа Бенедикт Шеснаесетти почина денеска во 9.34 часот во манастирот „Матер Еклесиае“ во Ватикан“, објавија од Ватикан.

Бенедикт ја водеше Католичката црква помалку од осум години и во 2013 година стана првиот што поднесе оставка по Григориј Дванаесетти во 1415 година. Последните години ги помина во манастирот „Матер Еклесиае“ внатре во Ватикан.

Иако беше болен подолго време, Светата столица соопшти дека неговата состојба се влошила поради староста. Во средата, на неговата последна аудиенција за годинава во Ватикан повика на посебна молитва за почесниот папа Бенедикт, за кој рече дека е многу болен.

Share
Scroll to Top