Почина поранешниот тренер на Партизан Јосип Дуванчиќ

Почина поранешниот тренер на Партизан Јосип Дуванчиќ

пред 1 година

Фудбалскиот клуб Партизан објави дека во понеделникот на 87 години почина нивниот поранешен тренер и фудбалер Јосип Миќо Дуванчиќ. Јосип е роден во 1935 година во Далмација. По сениорското деби како напаѓач на Спарта од Бели Манастир, премина во редовите на „Партизан“.

За црно-белите играше од 1952 до 1958 година и за тоа време освои два купа на Југославија. Потоа се пресели во Војводина, па во Слобода од Тузла и на крајот во Измир.

Неговата тренерска кариера траеше со децении и раководеше со голем број прволигашки екипи. Почна во Слобода од Тузла, а потоа раководеше со Хајдук од Сплит и Раднички од Ниш пред да го преземе Партизан.

Ги водеше Осиек, Војводина, Будуќност, Приштина и турски Сариер, пред да ја заврши кариерата во 1999 година во Спартак Суботица.

Share
Scroll to Top