Почина славен кошаркар на Црвена звезда

Почина славен кошаркар на Црвена звезда

пред 1 година

Легендарниот кошаркар на Црвена ѕвезда, Милета Лисица, почина на 55. годишна возраст, по долгата и тешка болест. Тој е роден во 1966 година во Прибој. Работел во локална фабрика, а паралелно почнал да игра кошарка за локалниот клуб „Полиестер“.

Неговите одлични игри не останале незабележани, па преку „Полиестер од Тузла“, во 1992 година стигнал во првиот тим на Црвена Ѕвезда.

Во наредните две сезони, тој бил важна алка во тимот и на Ѕвезда по пост од две децении и донел две национални титули. Во Црвена ѕвезда одиграл уште една сезона, а вкупно има настапено на 103 натпревари и постигнато 1345 поени.

Тој бил и најкорисниот играч на финалето во плеј-офот во првенството на Југославија, во сезоната 1993/94 година, кога со Ѕвезда стигнал до трофејот, преку тимот на Партизан.

По Црвена Ѕвезда, тој кариерата ја продолжил во Рим, па во тимови во Словенија и Франција, каде истот така има оставено длабока трага.

Share
Scroll to Top