Почина Хари Белафонте, легендарниот пејач, актер и активист

Почина Хари Белафонте, легендарниот пејач, актер и активист

пред 2 години

Како афроамерикански лидер кој истражувал теми поврзани со расизмот во филмовите од 1950-тите, Белафонте подоцна ќе продолжи да работи со својот пријател Мартин Лутер Кинг Џуниор, за време на движењето за граѓанските права во САД во раните 1960-ти.

Во 1960-тите, тој сними и неколку албуми во живо во Карнеги Хол. Белафонте стана и амбасадор на УНИЦЕФ, застапувајќи се за правата на црнците во Африка, односно против апартхејдот.

„Морам да бидам дел од секој бунт што се обидува да го промени сето ова“, изјави тој за Њујорк Тајмс во 2001 година, додавајќи: „Гневот е неопходно гориво. Бунтот е здрав“.

Роден како Харолд Џорџ Беланфанти во населбата Харлем во Њујорк. Се преселил во Јамајка пред да се врати во Њујорк за да посетува средно училиште. Тој го опишал својот татко како насилен пијаница, кој ги оставил него и мајка му. Тој црпел сила од неговата мајка, необразована куќна помошничка, која му всадила активистички дух.

„Ни беше наложено никогаш да не капитулираме, никогаш да не се предаваме, секогаш да се спротивставуваме на угнетувањето“, ќе изјави Белафонте.

Стана познат како „Кралот на Калипсо“ на почетокот на неговата кариера. Тој беше првиот Афроамериканец на кого му беше дозволено да настапува во голем број фантастични ноќни клубови, а исто така имаше и пристап во филмовите во време кога во поголемиот дел од САД преовладува расната сегрегација.

На прашањето кога решил да стане активист како уметник, Белафонте ќе одговори: „Бев активист долго време пред да станам уметник“.

Антологија на неговата музика беше објавена по повод 90-тиот роденден на Белафонте на 1 март 2017 година. Неколку недели пред лансирањето, Белафонте изјави за списанието „Ролинг Стоун“ ќе рече дека пеењето за него е начин да ги изрази неправдите во светот.

„Тоа ми даде можност да дадам политички коментари, да давам социјални изјави, да зборувам за работи што ми беа непријатни и за работи што беа инспиративни“, објасни тој.

После морнарицата, Белафонте работел како чувар во станбена зграда и како сценски раководител во американскиот театар „Негро“, пред да ги преземе улогите и да студира со Марлон Брандо и со Сидни Поатје, уште еден пионерски црн актер, со кого ќе станат блиски пријатели.

Тој исто така се појави на Бродвеј во „Алманах“, освојувајќи ја наградата Тони и во „Кармен Џонс“ во 1954 година.

Третиот албум на Белафонте, „Калипсо“, стана првиот албум на еден изведувач продаден во повеќе од милион примероци. Песната „Banana Boat“за пристанишните работници на Карибите со нејзиниот повик „Day O“ го направи ѕвезда.

Белафонте беше првиот црнец изведувач кој освои големо Еми во 1960 година, за неговото појавување на телевизиски специјал. Тој, исто така, ги освои наградите Греми во 1960 и 1965 година и доби Греми за животно дело во 2000 година, но изрази фрустрација поради ограничувањата на црните уметници во шоу-бизнисот. Во 1994 година, Белафонте беше награден со Национален медал за уметност.

 

 

Share
Scroll to Top