Легендарниот унгарски фудбалски судија Шандор Пул почина на 65-годишна возраст. Пул судел на голем број важни натпревари, а меѓу позначајните беа финалето на Светското првенство во 1994 година во САД, како и финалето во Лига на шампиони во Минхен во 1997 година.
Како енормно талентиран арбитар, Пул дебитирал во унгарскиот елитен фудбал во 1984 година, а се прослави во времето на деведесеттите години, кога четири пати по ред беше прогласен за најдобар судија на светот од страна на Федерацијата на фудбалски статистичари.
Пул ја делеше правдата и во дуелот меѓу Италија и Бразил во Лос Анџелес во 1994 година и меѓу Борусија Дортмунд и Јувентус, финалето во Лига на шампиони кое се играше во Минхен во 1997 година.
Последните години работел како потпретседател на Судиската комисија на Унгарија.