Почина Шиничи Чиба Сони, ѕвездата од „Убиј го Бил“

Почина Шиничи Чиба Сони, ѕвездата од „Убиј го Бил“

пред 3 години

Jапонскиот актер Шиничи Чиба Сони, ѕвездата на „Убиј го Бил“, почина на 82 години од последици од коронавирусот, пренесуваатстранските медиуми. Веста за неговата смрт ја потврди и неговиот агент.

Според јапонските медиуми, тој се заразил со коронавирус минатиот месец, но откако пневмонијата му се влошила, бил хоспитализиран и приклучен на респиратор.

Најголеми фимски остварувања е улогата на Хатори Ханс во филмовите на Тарантино „Убиј го Бил“ 1 и 2, но и по улогата на чичко Камата во филмската франшиза „Пеколни улици“. Тој важи за најпознат актер во боречки вештини после Брус Ли.

Чиба Сони беше шесткратниот носител на црн појас, а првпат се појави на телевзија со улога во шпионскиот трилер-шоу „Ловец на клучеви“ (1968). Своите знаења во боречки вештини ги искористи во филмовите од 1973 година: „Битки без човечност: Смртоносна борба во Хирошима“ и „Уличен борец“ (1974), кои беа објавени во странство. 

Чиба го основа Јапонскиот акционен клуб во 1970 година, училиште за обука на млади актери во боречки вештини.

Чиба се омажи за актерката Јоко Ногива во 1972 година, но тие се разведеа во 1994 година. Тој се прежени за Тамами Чиба во 1996 година, со која исто така се разведе во 2015 година. Зад него останаа три деца, Јури Манасе (46), Макенју Арата (24) и Гордон Маеда (21), кои исто така се актери.

 

Share
Scroll to Top